ПОА и официјално станува дел од МПЦ-ОА

од Nikola Popovski
404 прегледи

Православната Охридска Архиепископија (ПОА) денеска објави дека целосно преминува во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) и дека веќе нема да објавува нови содржини на официјалната интернет страница, иако таа и натаму ќе остане достапна за читателите.

-Православната Охридска Архиепископија која ја исполни смислата на своето административно постоење како автономна Црква во канонското подрачје на Српската Православна Црква, сведочејќи го единството на Црквата сиве изминати 20 години, повеќето поминати во гонења и понижувања, по давањето на автокефалијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Српската Православна Црква и прифаќањето на сите архиереи на Православната Охридска Архиепископија да бидат под јурисдикција на споменатата Црква, целосно преминува во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и ја прекинува секоја надградба на содржините на официјалната интернет презентација на Православната Охридска Архиепископија. Бидејќи постои заинтересираност за повеќето од содржините презентирани на оваа интернет страница, до страницата и понатаму ќе биде можен интернет пристап кон истата, благодарение на спонзорот кој ќе ги подмирува трошоците кои ги испорачува понудувачот на интернет услугата, но страницата веќе нема да се надградува со нови материјали, стои во објавата на сајтот на ПОА.

Синодот на МПЦ-ОА на 20 јуни ја формализираше одлуката за приклучување на ПОА, а нејзините архиереи ги прифати во своја канонска јурисдикција, назначувајќи ги за епархиски управители.

Основачот на ПОА, Јован Вранишковски беше расчинет од МПЦ во 2002 година, а веднаш потоа беше формирана  ПОА, која не беше призната во Македонија. Вранишковски беше осуден за ширење верска омраза и за проневера на пари од Поврдарската еперхија каде беше митрополит. Одлежа 5 години затвор, а сега се враќа во МПЦ како епископ и ќе му биде отстапен дел од Преспанско пелагониската епархија.

Слични содржини