За Мицкоски трета опција на следните избори се „платени патриоти кои ќе ги бројат жолтиците од Ахмети и ДУИ“

од Nikola Popovski
429 прегледи

Следните избори се суштински за иднината на Македонија и на нив пред вас ќе има три опции.  Првата опција ќе биде оваа, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Втора опција ќе биде коалицијата која ќе ја предводи Али Ахмети, ДУИ, а која ќе ја поддржува СДС. Трета опција се оние кои ќе ви зборуваат тоа што сакате да слушнете, кои ќе кажуваат она кое мислите дека е исправно, а тие ни од далеку не може да го испорачаат, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешното обраќање во Ѓорче Петров.

Мицкоски истакна дека тоа се платени патриоти и лажни популисти кои откако ќе ги излажат граѓаните ќе ги бројат жолтиците кои Али Ахмети и ДУИ им ги имаат избројано.

– Се со цел да ги разделат антивладините гласови, да ги разделат гласачите кои не се сложуваат со политиките на оваа влада, за да може коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да биде помала и да може утре да бидеме тие кои ќе прават компромиси при формирање на идната влада, а не сакаме да ги правиме како компромиси, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека затоа одговорноста е нас сите нас, дека секој еден е важен и потребна е масовност, затоа што со седење дома се дава поддршка на ДУИ и СДС.

– На следните избори ќе заокружувате за Македонија или ако останете дома за коалицијата на ДУИ поддржана од СДС, тогаш не за Македонија. Нема друга опција. Или ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата или ДУИ, Али Ахмети поддржан од Димитар Ковачевски и тоа што ќе остане од СДС, рече Мицкоски.

Слични содржини