Протестите во Франција не стивнуваат, мобилизирани уште 2.000 полицајци (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
502 прегледи

Франција беше сцена на нови немири во средата навечер по смртта на 17-годишното момче кое наводно било застрелано од полицијата за време на сообраќајна контрола.

Инцидентот во вторникот предизвика насилни протести во неколку париски предградија, при што беа повредени 24 полицајци, а 40 автомобили беа запалени, соопштија француските власти. Во средата попладне беа мобилизирани дополнителни 2.000 полицајци.

Полицаецот кој наводно пукал во тинејџерот бил приведен во вторникот, откако момчето, идентификувано како Наел, починало откако било запрено на сообраќајна контрола во париското предградие Нантер. Полицаецот ќе остане во притвор уште 24 часа за да биде испрашуван од обвинителите, изјавија за Си-Ен-Ен од обвинителството во Нантер.

Францускиот претседател Емануел Макрон го опиша како „неоправдано“ фаталното пукање на младиот човек, кој бил во автомобил Мерцедес АМГ со уште двајца во моментот на инцидентот, соопштија обвинителите.

17-годишникот бил прогласен за мртов во 9 часот и 15 минути по локално време „по најмалку една прострелна рана“ и покрај интервенцијата на брзата помош, соопшти обвинителството во Нантер. Сопатникот во возилото е приведен, а подоцна пуштен на слобода, додека друг патник, за кој се верува дека побегнал од местото, се води како исчезнат, се наведува во соопштението.

Обвинителството нареди обдукција и дополнителни тестови, вклучително и токсиколошки извештај.

Слични содржини