Арсовска не дојде на седницата за советнички прашања

од Nikola Popovski
330 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска не дојде во Советот на Град Скопје, по што не можеше да се одржи свиканата седница за советнички прашања.

-Бидејќи непосредно пред почетокот на седницата, ни беше испратен допис од градоначалничката дека нема да присуствува и тоа не е првпат. Таа не го почитува Советот како орган. Во таа насока, ние ќе ја напуштиме седницата бидејќи градоначалничката не е тука, рече координаторката на советничката група од СДСМ, Љубица Јанчева во обраќање од говорницата на Советот.

Претседателот на Советот, Трајко Славески извести дека добил допис при што градоначалничката нема да присуствува заради наводно некоординарана дата за поставување советнички прашања. Славески информир дека поканата за седницата е доставена на 14 јуни.

-Сакам да ја известам пошироката јавност, граѓаните на Скопје дека досега за секое нивно прашање кое е поставено до градоначалничката од било кој советник од одговор нема, рече советничката во Советот на Град Скопје, Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, на денешната седница.

-Данела Арсовска не чувствува одговорност пред скопјани да одговори на она што тие ја прашуваат. На Данела Арсовска и е поважно да шета некаде низ светот за некои лични интереси, а за тоа ќе треба да даде одговор, ќе треба да даде одговор за секое патување што имаат скопјани од тоа за што се трошат парите за патувањата нејзини и екипата околу неа, што бенефит имаат скопјани од тие патувања. Зошто тие патувања и се многу поважни од одговорите на прашањата на скопјани и работата на градот, додаде Андоновска.

Слични содржини