Припадниците на Специјалната и интервентната полициска единица во Сплит во моментов се во Трогир и трагаат по Бранко Мамиќ (55), пензиониран полицаец, кој околу 12.15 часот во центарот на Трогир испукал неколку куршуми кон помлад маж, кој бил тешко ранет.
Како што пренесува „Јутарњи лист“, лекарите се борат за животот на Ј.М.(32), кој се здобил со сериозни повреди на главата и градниот кош.
Мамиќ е вооружен и наводно бара уште еден маж кого го обвинува за својата финансиската состојба. Полицијата, додека не го пронајде и уапси, обезбедила заштита на секој за кој смета дека може да стане цел на разбеснетиот бегалец од која било причина, па некои ги донела во полициска станица.
Мамиќ го застрелал помладиот маж затоа што мислел дека е љубовник на неговата сопруга, бидејќи ги пронашол пораките на младиот човек со емотикони од срцето упатени до неговата сопруга. Сепак, има информации дека младиот човек немал никакви љубовни чувства кон сопругата на Мамиќ, туку се се сведувало на пријателски односи.
Исто така, Мамиќ неодамна беше ослободен од истражниот затвор каде помина повеќе од еден месец откако беше затворен во јануари поради семејно насилство. Потоа им се заканил на сопругата и ќерката, а физички ја нападнал сопругата, поради што таа се здобила со полесни повреди.