Си-Ен-Ен: Суровикин бил таен ВИП член на Вагнер

од Stefanija Kuzmanovska
461 прегледи

Според документи до кои имал пристап Си-Ен-Ен, рускиот генерал Сергеј Суровикин бил таен ВИП член на приватната платеничка група „Вагнер“ и кај „Вагнер“ имал личен матичен број.

За потсетување, Суровикин не е виден во јавноста од саботата и не се знае каде е сега.

Новинските агенции јавуваат дека тој завршил во притвор. Вчера Кремљ одби да одговори на новинарски прашања за тоа што се случило со генералот.

Кога новинарите го прашаа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков дали може да ја разјасни ситуацијата со Суровикин, тој рече: „Не, за жал не. Ви препорачувам да се обратите во министерството за одбрана, тоа е нивен домен“.

Суровикин е одликуван командант на руските воздухопловни сили и го доби прекарот „Генерал Армагедон“ поради неговата безмилосна тактика за бомбардирање на градовите во Сирија. На крајот на минатата година беше назначен за командант на руските сили во Украина.

Слични содржини