Момчето кое го уништуваше Колосеумот е по потекло од Бугарија (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
247 прегледи

Момчето кое издлаби имиња во ѕидот на познатиот римски амфитеатар Колосеумот минатата недела е турист кој живее во Велика Британија, соопшти италијанската полиција.

Оттаму велат дека успеале да ја идентификуваат и девојката со која бил фотографиран, но не ја именуваа.

Двојката живее во Бристол, пишуваат британските медиуми, а се верува дека ја напуштиле Италија.

Некои британски медиуми пишуваат дека се работи за момче по потекло од Бугарија кој работи и живее во Англија.

Тој се соочува со голема парична казна или до пет години затвор доколку биде обвинет и осуден.

Инцидентот во италијанската престолнина го снимил турист, кој вербално го прекорил мажот пред да ѝ го предаде видеото на полицијата.

На видеото се гледа како тој вдлабнува „Иван + Хејли 23“ на ѕидот на Колосеумот.

Инцидентот беше осуден не само во Италија, туку и ширум светот.

„Овој чин е навреда за почитувачите на археологијата, спомениците и историјата од целиот свет“, изјави Џенаро Сандуљано, италијански министер за култура.

Речиси 2.000 години стариот Колосеум е еден од најпознатите симболи на Римската империја и најпопуларната туристичка дестинација во Италија.

Заштитен е како дел од светското наследство на УНЕСКО и се смета за место со „извонредна универзална вредност“.

Слични содржини