Арсовска постави нов директор на „Улици и патишта“

од Nikola Popovski
463 прегледи

Саит Саит, од денес е разрешен од позицијата директор на ЈП „Улици и патишта“, а функцијата в.д директор на претпријатието од денес ќе ја извршува Ќамил Ковачи.

Ковачи на позицијата доаѓа од местото секретар на општина Сарај, а има искуство во раководење со јавни претпријатија како долгогодишен директор на Јавното комунално претпријатие Сарај.

-Град Скопје продолжува да работи во интерес на граѓаните, навремено, квалитетно и транспарентно, велат од општината преку соопштение.

Пред два месеци Арсовска го смени и директорот на ЈСП, со што постави трет човек на чело на јавното претпријатие откако е градоначалничка.

Слични содржини