Инспекцијата на Министерството за култура констатираше на 04.04.2023 дека нема никакви неправилности во работата на „Банана филм“. Тоа е затоа што сите извештаи за филмовите на „Банана филм се законски – што и самата Агенција го потврдила со тоа што претходно ги прифатила истите тие извештаи, стои во демантот на „Банана филм“ за соопштението од Агенцијата за филм.
Појаснуваат дека ззмислувањето неправилности, донесувањето незаконски одлуки, уценувањето со непотпишување на договори, неисплата на долгови од државни институции и медиумска кампања во партиски медиуми е одмазда кон укажувач затоа што ние во неколку наврати ја пријавивме незаконската работа на одговорните во Агенцијата за филм и ДФРМ, за што постојат и докази, како и наоди на Државниот завод за ревизија, Антикорупциска комисија (ДКСК) и Транспаренси интернешнл.
„Банана филм“ ги повикува институциите и Владата да се справат со корупција и незаконско работење во своите редови.