Министерството за внатрешни работи информира дека Мароканци биле затекнати во кругот на касарната „Илинден“.
На 30.06.2023 во 18.00 часот во касарната Илинден од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода Ф.А.(26) и М.Е.(21), двајцата од Мароко, кои претходно од вработените биле затекнати во кругот на касарната.
Мароканските државјани биле спроведени во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка.