Од невремето поплавени салите за интервенција на Кардиохирургија

од Nikola Popovski
493 прегледи

Регионалниот ЦУК Скопје известува дека по силниот пороен дожд што во попладневните часови го зафати Скопје, на единствениот број за итни ситуации 112, пријавени се поплавени неколку подрумски простории на ул. „Јордан Мијалков“, спроти зградата на „Лимак“, две куќи поплавени во населба „Драчево“ на ул. „Славка Динкова“, големо количество вода во подвозникот кај Тинекс, кај катната гаража(1м-2м) на ул. „Антон Попов“.

-Поплавувањето на подвозникот го попречува одвивањето на сообраќајот. Пријавено е дека и на Клиниката за Кардиологија се поплавени подрумските простории, каде што се салите за интервенција, велат од ЦУК.

Има паднато повеќе гранки од дрвја при првиот налет на локалното невреме во Скопје, а на ул. „Симеон Кавракиров“, во населбата „Мичурин“ во Аеродром паднало големо дрво на улицата што оштетило и возило во движење, а и паркирани возила.

-Во 18.15 е отстрането од екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје и улицата е проодна. Истотака имало паднато голема гранка од дрво, во близина на аптека „Зегин“ на Бул. „Св. Климент Охридски“. Од Регионалниот ЦУК Скопје стапиле во контакт со пожарникарите од Бригадата (БППЗ) на Град Скопје и биле испратени екипи за испумпување на водата од критичните точки, а и со надлежни за вакви ситуации од претпријатијата на Град Скопје, потенцираат од Регионалниот ЦУК.

Слични содржини