1,K
Сè е подготвено за почеток на единствената наплата на патарините меѓу Србија и Северна Македонија преку единствениот ТАГ за електронска наплата, иако се уште официјално не профункционирала.
„Највисоките функционери на Србија се веќе целосно подготвени, но чекаат да се огласат нивните колеги од Северна Македонија за да може целата процедура да се официјализира на државно ниво“, изјавил за Танјуг Дарко Савиќ од „Патишта Србија“.
Воведувањето на единствена ознака за електронска наплата на патарините во Северна Македонија и Србија значи дека возилата опремени со овој уред можат да плаќаат патарина без застанување и дополнителни набавки на уреди и картички во секоја земја, бидејќи ТАГ-от ќе биде поврзан со платежна или дебитна банкарска картичка.