Николовски од средбата со генералниот директор на ФАО, Ку Донекју

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски од вчера во Рим учествува на 43-та Конференција на ФАО, како највисоко управувачко тело на Организацијата за храна и земјоделство на ОН. На оваа значајна Конференција учествуваат околу 100 министри за земјоделство од целиот свет и овие денови ќе дискутираат за моменталната состојба со обезбедноста со храна во услови на криза.

Главната тема на Конференцијата е „Интегрирано управување со водните ресурси”, каде се очекува да бидат донесени одлуки и препораки во однос на одржливо управување со водните ресурси, кое подразбира зедничко интегрирање на сите нивоа, развивајќи потоа програмски иницијативи за правилно искористување на водата и ризикот од поплави и катастрофи. На Конференцијата министрите ќе гласаат за избор на Генерален диреткот на ФАО, а прво на глас во изборот има и Северна Македонија.

Министерот Николовски во рамки на Конференцијата оствари средба со директорот на ФАО, Ку Донекју, каде разговараа за досегашните проекти реалзиарани заедно со ФАО, но и за идни проекти за кои како министерство очекуваме поддршка.

„Благодарност за несебичната поддршка, бројните проекти кои би биле невозможни да се реализираат доколку зад нив со своја поддршка не застанеше ФАО. Консолидацијата на земјиштето, проектите за подобрување на климатските состојби, вложувањето во смарт земјоделство преку посебни платформиза навремено и ефективно креирање на политики и зелената агенда се само дел од проектите кои заедно ги реализираме со ФАО” истакна на средбата министерот Николовски.

Токму благодарение на поддршката од ФАО во процесот на консолидација, Северна Македонија е земја лидер во процесот на консолидирање на земјоделското земјиште. Веќе се споверуваат девет модерни проеки за консолидација, што е за прв пат во историјата на нашата земја, а преку кои ќе се подобри структурата за околу 3.000 хектари земјоделско земјиште и земјоделската инфраструктура, директно помагајќи им на повеќе од 2.500 земјоделци да ја зголемат својата продуктивност и конкурентност.

Успешно се завршени и проектите за подготвеност на Зелениот климатски фонд, што ја прави нашата дрќава подготвена за ефикасен пристап до овој важен механизам за борба со климатските промени.

Министерот Николовски пред почетокот на работните обврски во Рим ја посети базиликата „Сан Клементе”, поклонувајќи се пред гробот на Свети Кирил, како и базиликата „Санта Марија Маџоре”, посветена на Голема Богородица каде се наоѓа плочата напишана на македонски јазик во чест на Светите браќа Кирил и Методиј.

Слични содржини