Бајден на европска турнеја: Во јули ќе ги посети Британија, Литванија и Финска

од Nikola Popovski
323 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден овој месец ќе престојува во официјална посета на Велика Британија, Литванија и Финска, соопшти денеска Белата куќа.

Во соопштението се наведува дека на 9 јули Бајден ќе ја започне посетата на Лондон, каде што ќе разговара со британскиот крал Чарлс Трети и премиерот Риши Сунак за натамошно зајакнување на односите меѓу двете земји.

Во исто време, портпаролот на Бакингемската палата денеска изјави дека британскиот крал ќе се сретне со Бајден во замокот Виндзор на 10 јули.

После тоа, Бајден од 11 до 12 јули ќе учествува на самитот на НАТО во Вилнус, каде главна тема ќе биде војната во Украина, соопшти Белата куќа.

Како што е најавено, американскиот претседател на 13 јули ќе отпатува во Хелсинки на средба со финските лидери, објави Ројтерс.

Во среда, Бајден ќе го пречека шведскиот премиер Улф Кристерсон во Белата куќа во знак на солидарност додека САД вршат притисок за влез на оваа нордиска земја во НАТО, бидејќи барањето на Шведска за членство во Алијансата сè уште треба да биде ратификувано од парламентите на Турција. и Унгарија, пренесе АП.

Белата куќа оцени дека Шведска ги исполнила обврските за влез во НАТО.

Слични содржини