Чудо во Тексас: Тинејџер исчезнал додека ги шетал кучињата, пронајден после 8 години (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
565 прегледи

Тинејџер од Тексас е пронајден жив откако исчезнал пред повеќе од осум години.

Руди Фарис бил пријавен за исчезнат во Хјустон на 6 март 2015 година, кога имал 18 години.

Последен пат бил виден како ги шета своите две кучиња во близина на неговиот дом, соопштија властите. Двете кучиња потоа се вратиле сами дома, пренесува Sky News.

Откако Руди беше исчезнат повеќе од осум години, Центарот за исчезнати лица во Тексас објави дека младиот човек е пронајден и се опоравува во болница.

Случајни минувачи го забележале без свест пред црква, изјавила неговата мајка и додала дека има расекотини и модринки по целото тело.

Причината за неговото исчезнување е непозната, но членовите на семејството изјавија дека тој страдал од депресија, особено откако неговиот постар брат загинал во сообраќајна несреќа со мотор неколку години пред неговото исчезнување, пренесува NBC.

„Гледаше како неговиот најдобар пријател умира пред него. Неговиот брат беше неговиот најдобар пријател. Тој помина низ нешто низ кое никој на негова возраст не треба да помине“, изјавила приватната истражителка Бренда Парадајс во април 2015 година.

Тогаш полицијата не се сомневаше за криминални активности.

Засега не е познато каде Руди ги поминал сите овие години, додека семејството е среќно бидејќи тој повторно е со нив.

Директорот на Texas EquuSearch, Тим Милер, рече дека го смета најновиот развој за чудо.

„Како се случи тоа? Ние веруваме во чуда и ова секако беше чудо. Не можам ни да ви кажам колку пати баравме и колку наводи и дојави дојдоа, а тие едноставно и исчезнаа одеднаш“, рече тој.

Милер, исто така, рече дека многу прашања се отворени сега кога Фариас се врати.

„Има многу да се истражи за да се види што се случило, каде се случило, како се случило“, рече тој

Слични содржини