Дали една чаша вино на ден е добра за здравјето? Еве што велат лекарите

од Stefanija Kuzmanovska
633 прегледи

Една чаша вино секоја вечер е добра за нашето здравје – мит или вистина? Лекарите тврдат дека дури и ниското консумирање алкохол, дефинирано како еден пијалок дневно, може да ги дебелее луѓето, што пак може да доведе до дијабетес тип 2.

Истражувањето, кое опфати податоци од повеќе од 400.000 Британци, ја надополнува децениската дебата за штетите од умереното пиење. Некои студии покажаа дека секојдневното пиење може да спречи голем број на болести. Други тврдеа дека дури и мало количество алкохол е опасно, пренесува City Magazine.

Сега излегува дека за секој дополнителен пијалок неделно, луѓето имале 0,36 килограми повеќе масти и 10 отсто поголеми шанси да развијат дијабетес тип 2.

„Не е изненадување откритието дека оние кои пијат се подебели од оние кои не пијат. Зборуваме за пивски стомаци со причина. Се надеваме дека нашето истражување ќе им помогне на луѓето да ги разберат ризиците поврзани со консумирањето алкохол. Сакаме да ја охрабриме општата популација да избира здрави навики“, рече Кристофер Сноудон, шеф на економијата за животниот стил на Институтот за економски прашања во Британија.

Резултатите од новото истражување беа објавени во списанието за клиничка ендокринологија и метаболизам, но критичарите тврдат дека академиците од Универзитетот Мекгил во Квебек спровеле опсервациска студија.

Со други зборови, гледале само податоци како индекс на телесна маса и внес на алкохол, но не и дополнителни фактори кои би можеле да влијаат на тежината.

Слични содржини