Се вози брзо и без возачка: МВР реди санкции за несовесните

од Nikola Popovski
156 прегледи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се осум санкции за користење на мобилен телефон при управување возило, две мерки за возење под дејство на алкохол, осум мерки за некористење на сигурносен појас…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.

Слични содржини