Прифатена иницијативата на Левица за враќање на моштите на Панко Брашнаров

од Nikola Popovski
249 прегледи

Иницијативата за враќање на моштите на народниот учител Панко Брашнаров, предложена од советничката група на Левица во Советот на Општина Велес едногласно била прифатена на седница, информираат од партијата.

Како што велат од Левица, иницијативата подразбира реализација на низа мерки и активности со кои ќе се овозможи враќање на посмртните остатоци на првиот претседавач со АСНОМ, Панко Брашнаров, од Република Хрватска во Република Македонија, односно во родниот Велес.

-Панко Брашнаров, човекот кој беше генерација и соученик на велешките гемиџии, сведок на двата Илиндена, човекот кој целиот се посвети на ослободувањето на Македонија и голем дел од својот живот го помина по затвори поради својот патриотизам и идеализам и кој поради својата борба за македонската кауза остана патриот вљубеник во Македонија, без свое семејство и потомство, стои во соопштението на партијата на Димитар Апасиев.

Слични содржини