Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните на САД, по повод Денот на независноста – 4. јули.
Во честитката премиерот Ковачевски истакна дека САД се нашите стратешки партнери чија што поддршка е од исклучително значење за напредокот на нашата држава.
Во продолжение е интегралната честитка на премиерот:
-Заедничката посветеност на демократијата, на слободата, еднаквоста, почитувањето на човековите права, на градењето силни демократски општества е основата на која нашето пријателство и партнерство ќе продолжат да се развиваат и зајакнуваат и на политички и економски план, но и обединети на вистинската страна како сојузници во НАТО, порачува Ковачевски.
Премиерот потенцира дека придонесот на САД е огромен во делот на интензивирање на реформскиот процес за натамошна демократизација на нашето општество, владеење на правото, борба со корупција и криминал, што е значајно охрабрување во процесот на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.