Летна активност која го подобрува здравјето на срцето и мозокот

од Stefanija Kuzmanovska
369 прегледи

Пливањето секако може да се нарече совршена вежба. Покрај работата на речиси секој мускул во вашето тело, пливањето може да го зголеми пулсот за да го подобри вашето здравје и да го заштити вашиот мозок од „пропаѓање“.

Може да биде вежба без преголем напор, а особено е добра за лицата со артритис бидејќи „носат“ помала маса.

„Кога редовно пливате 30 до 45 минути, се борите со депресијата и стресот и на тој начин го подобрувате вашето расположение“, тврди Ји-Мин Ли, професор по медицина на Медицинскиот факултет Харвард.

Тој смета дека екстремните напори како што се маратоните се преголем товар за нашето тело, па освен пливање, препорачува уште пет видови тренинзи – таи чи, тренинзи за сила, пешачење и Кегелови вежби, чии придобивки се големи, од слабеење и градење мускули, до заштита на срцето и мозокот, но и зајакнување на коските.

Слични содржини