Зошто не треба да пиете вода после јадење лубеница?

од Stefanija Kuzmanovska
487 прегледи

Се смета дека треба да пиете вода секогаш кога ќе почувствувате жед за да спречите дехидрација, но пиењето вода после одредена храна може да доведе до дигестивни проблеми.

Водата е неопходна за правилно извршување на сите телесни функции. Сепак, пиењето вода после одредена храна, како што е лубеницата, може да доведе до проблеми со варењето.

Ефект врз гастроинтестиналниот тракт

Пиењето вода после јадење лубеница може да влијае на вашиот гастроинтестинален тракт.

Лубеницата главно се состои од вода, шеќер и растителни влакна. На микробите или бактериите им треба вода и шеќер за да растат и да се шират, велат здравствените експерти. Ако пиете вода откако ќе јадете лубеница, има поголеми шанси микробите да се рашират низ вашиот дигестивен тракт, пренесува Indiatimes.

Кога можете да пиете вода после лубеница?

Иако не постои вистински научен доказ, подобро е да избегнувате вода некое време откако ќе јадете лубеница. Здравствените експерти препорачуваат дека водата треба да се пие приближно еден час по консумирањето овошје, особено оние со висока содржина на вода, како што се лубеницата, дињата, портокалот, јагодата.

Пиењето вода веднаш по јадењето овошје, како што е лубеницата, може да го наруши нивото на pH на вашиот дигестивен систем.

Ефект на дигестивниот систем

Пиењето премногу течност после јадење лубеница може да предизвика дијареа, надуеност или повраќање. Најдобро е да избегнувате вода веднаш по овошен оброк за да ги спречите овие состојби.

Знаци на слаб дигестивен систем

Важно е да се напомене дека пиењето вода после јадење лубеница можеби нема да им пречи на сите. Ако ви се слоши, тоа сепак може да биде знак дека имате слаб дигестивен систем.

Слични содржини