МОН: Досега запишани над 15 илјади ученици во средно, повеќе од две третини одбрале стручно образование

од Nikola Popovski
218 прегледи

Министерството за наука и образование (МОН) информираше дека во двете пријавувања во јунскиот уписен рок во прва година средно образование во учебната 2023/2024 се запишале 15.481 ученик, од кои речиси две третини во стручните училишта.

Како што појаснуваат, според конечните ранг-листи во стручно образование се запишале 10.277 ученици, 4.603 ученици се запишани во гимназиите, 414  во спортска гимназија и 187 во уметничко образование.

Според наставниот јазик, 11.325 се запишани за настава на македонски јазик, 3.852 ученици за настава на албански, 298 за настава на турски и шест ученици за настава на српски јазик.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за гимназиско образование во СУГС Гимназија „Никола Карев“ – Град Скопје и СУГС Гимназија „Георги Димитров“-Скопје.

Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање на 20 и 21 јуни 2023 годинаа второто пријавување на 27 и 29 јуни 2023 година. Прелиминарните ранг листи се објавија на 22 јуни, односно на 29 јуни 2023 година. Доставувањето на потребната документација до училиштата беше на 22 и 23 јуни 2023 година и на 29 и 30 јуни 2023 година.

Конечните ранг листи се објавија на 24 јуни и на 01 јули 2023 година.

Слични содржини