Светот стравува со причина: Ел Нињо зема замав, температурите ќе продолжат да растат!

од Stefanija Kuzmanovska
465 прегледи

Се очекува дека температурите на воздухот ширум светот ќе продолжат да растат поради ефектите на Ел Нињо, најпознатиот феномен на глобалниот климатски систем кој првпат се појави во тропските области на Пацификот, објави денеска Светската метеоролошка организација (СМО).

Ел Нино е феномен на затоплување на температурата на површинските води во источните и централните делови на Тихиот Океан и е поврзан со појава на екстремни временски услови – од тропски циклони до обилни врнежи до силна суша, пренесува „Ројтерс“.

Денешното соопштение на СМО го потврди најновиот месечен извештај од Националниот центар за предвидување на климатските промени на САД.

Најтоплата година во светот досега, 2016 година се совпадна со силен Ел Нињо, иако експертите предупредуваат дека климатските промени поттикнаа екстремни температури дури и во годините без Ел Нињо.

СМО во мај објави дека постои голема можност рекордот од 2016 година наскоро да биде соборен, бидејќи барем една од следните пет години, а и претстојниот петгодишен период во целина, ќе бидат најтопли досега.

Слични содржини