Познатата пејачка Мадона неодамна заврши во болница откако нејзината ќерка ја пронашла онесвестена.
Како што се испостави, причина за се е бактериска инфекција, а актерката колабирала по напорни вежби и подготовки за настапи.
Извесно време поминала во болница, а потоа била пуштена на домашно лекување. Иако нејзиниот менаџер потврди дека се работи за бактериска инфекција и дека пејачката моментално се опоравува, нема многу официјални информации за здравствената состојба на Мадона.
Сепак, актерката Роузи О’Донел се огласи на Инстаграм и откри некои детали за состојбата на пејачката.
Имено, Роузи на споменатата социјална мрежа објавила неколку фотографии од Мадона, а меѓу другото објавила и нивна заедничка фотографија направена додека биле млади и во описот напишала: „Се сеќаваш ли кога…“.
Бројни обожаватели на познатата пејачка во коментари прашуваа за нејзиното здравје, а Роузи потоа им одговори.
„Таа е добро и се опоравува дома. Многу е силна“, напиша актерката, а луѓето ѝ се заблагодарија во коментарите и ѝ посакаа на Мадона брзо закрепнување и враќање на сцената.
Потсетуваме, Роузи О’Донел пред неколку дена сподели спомен од неа и Мадона и напиша дека пејачката „се чувствува добро“.