246
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека одржувањето на вонредни избори во четири општини со српско мнозинство на северот е единствениот начин за промена на локалната власт.
Курти рече дека се согласува со барањето на меѓународната заедница за одржување нови избори, но истакна дека прво мора да се обезбеди фер и слободна кампања „без закани и повторени бојкоти со слаба излезност“.
Србите ги бојкотираа последните избори на северот на Косово и не ги признаваат резултатите, односно новите градоначалници кои доаѓаат од албанската заедница.