Обвинителството треба да влезе во фирмата на внукот Ахмети, а не Мицкоски – рече Митева од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
283 прегледи

Зачудува нивото на информираност на министерот за економија Бектеши во однос на фирмата на внукот на неговиот партиски лидер Ахмети. Очигледно тој има двојна функција и министер во Влада и портпарол на фирмите на семејството Ахмети, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева како реакција на денешниот повик на Бектеши.

Како што вели Митева, Фирмата на внукот Ахмети треба да ја посети обвинителството, а не претседателот Мицкоски.

-И притоа да се провери како дваесетгодишник има неколку десетици милиони евра, дали плаќа данок, и како кланот од Зајас стана мултимилионер. Што се однесува до посетите, во периодот што следи јавноста ќе биде запознаена со многу движни и недвижни ствари во посед на кланот од Зајас. Се надеваме и тогаш колку и сега министерот за економија Бектеши срдечно ќе има желба истите да ги посети, рече портпаролката на најголемата опозициска партија во изјава.

Претходно првиот човек во ресорот економија, Крешник Бектеши упати јавна покана до лидерот на опозицијата да ја посетат фирмата на синот на Али Ахмети, Шкумбин Ахмети.

-Да отидеме во канцеларијата на Шкумбин Ахмети и да видиме што работи господинот во последните пет години. Сите негови проекти се за Швајцарија и тој прави цртежи за потребите на другите комапнии таму, која нема никаква поврзаност со Република Македонија, а посебно со институциите кои бараат такви услуги. Ако е храбар, кога има време, јас ќе ја прилагодам мојата агенда, да одиме во Кичево со медиумите и јавно ќе ги презентираме сите документи што работела фирмата до овој момент, кажа Бектеши на прашање на медиумите.

Слични содржини