Бројот на загинатите во рускиот ракетен напад врз градот Лавов, на западот на Украина, се искачи на четири, соопшти денеска градоначалникот Андриј Садови.
Украинското министерство за надворешни работи наведува дека девет лица се повредени во нападот, во кој беа уништени двата горни ката од два дела на станбена зграда во Лавов, пренесува „Гардијан“.
The death toll of the Russian missile strike on a residential building in Lviv a few hours ago has increased to 4.
Rescue-services working on the spot fear that more bodies are still to be found under the ruins.
Lviv is a historical city very close to the Polish border. pic.twitter.com/2nKsN4SNUY
— Visegrád 24 (@visegrad24) July 6, 2023
Властите соопштија дека спасувачите ги пребаруваат урнатините на станбената зграда за преживеани и жртви.
Садови претходно на својот Телеграм канал напиша дека во нападот биле оштетени околу 60 станови и 50 автомобили.
Lviv. Consequences of the night attack by Russian terrorists. Unfortunately, there are wounded and dead. My condolences to the relatives!
There will definitely be a response to the enemy. A strong one. pic.twitter.com/9yl1MT6Eu4
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) July 6, 2023
Регионалниот гувернер Максим Козицки објави видео на кое се гледа широка, закривена четирикатна станбена зграда на која недостасуваат делови од горните катови.
Во текот на ноќта, воздушна закана беше на сила ширум Украина, а имаше извештаи за крстосувачки ракети кои навлегле во украинскиот воздушен простор.