Ковачевски ја поддржува оценската мисија на ЕУ за работата на Судскиот совет

од Nikola Popovski
319 прегледи

Не е првпат да има оценска исија од ЕУ за Судскиот совет. Имам разговарано со евроамбасадорот Дејвид Гир за ова прашање уште минатата година, рече премиерот Димитар Ковачевски за вчерашната најава на амбасадорот на ЕУ во земјава.

-Јас првиот ден кога станав премиер, кажав дека такви системи знаат да имаат подруга слика за себе од тоа што има јавноста и затоа добро е што во рамките на соработката со ЕУ, ќе може да има процес на таква мисија за да ги проверат сите информации со Судскиот совет и потоа да ги споделат со нашите политички актери кои се инволвирани во правосудниот систем и со Европската комисија, кажа премиерот на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама.

Ковачевски смета дека после тоа ќе бидат предложени соодветни реформи за унапредување на работата на правосудните органи во државата.

-Ја поддржувам оценската мисија на ЕУ, кратко додаде премиерот.

Евроамбасадорот Дејвид Гир вчера во интервју појасни дека се работи за советодавна група, која треба да помогне во изнаоѓање на начините на кои Унијата може да одговори на прашањата за професионализмот, интегритетот и независноста на Судскиот совет, за ова тело да може во иднина да ја врши својата работа во духот на овие вредности.

Слични содржини