Русија прогласи девет фински дипломати за персона нон-гратa

од Stefanija Kuzmanovska
268 прегледи

Русија прогласи девет лица вработени во Финската амбасада во Москва и Генералниот конзулат во Санкт Петербург за персона нон грата и ја повлече согласноста за активностите на Генералниот конзулат на Финска во Санкт Петербург од први октомври, соопшти руското министерство за надворешни работи.

Како одговор на конфронтирачките дејствија на финските власти, руската страна одлучи да ја повлече согласноста за активностите на Генералниот конзулат на Финска во Санкт Петербург од први октомври, се вели во соопштението на руското министерство за надворешни работи, пренесе РИА Новости.

Прогласувањето за персона нон грата на деветмина вработени во Финската амбасада во Руската Федерација и Генералниот конзулат на Финска во Санкт Петербург уследи по протерувањето на девет руски дипломати од руските претставништва во Финска во јуни оваа година, се наведува во соопштението.

Слични содржини