Германската крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD) достигна нов рекорд на популарност на сите времиња, според најновата анкета спроведена од државната телевизија АРД.
Партијата напредуваше за два процентни поени и моментално ја поддржуваат 20 отсто од испитаниците, покажа истражувањето во четвртокот. Ова ја направи втората најсилна партија во земјата.
AfD традиционално е на маргините на германската политика. Меѓутоа, неодамна во Германија се отвори интензивна политичка дебата за подемот на екстремната десница.
Тирингија и Саксонија-Анхалт се две од шесте германски покраини кои ја сочинуваа поранешната комунистичка Источна Германија, регион кој генерално повеќе ја поддржува екстремната десница.
Германските конзервативни демохристијани (ЦДУ) заедно со баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) освоија најмногу гласови во анкетата на АРД со 28 отсто, што сепак е пад од еден процентен поен.
Популарноста на Социјалдемократите (СПД) остана непроменета на 18 отсто, а на Зелените на 14 отсто, што е нивниот најслаб резултат од септември 2018 година.
Либералните Слободни демократи (ФДП) и тврдолевиот Die Linke (Левица) останаа на 7% и 4%, соодветно.
Канцеларот на СПД, Олаф Шолц е во коалициска влада со Зелените и ФДП.