Агелер: Принципите што ги споделуваме ќе го водат напред сојузот помеѓу САД и С.Македонија

од Vladimir Zorba
418 прегледи

Американската амбасада во Скопје вечерва ја одбележа 247. годишнина од независноста на Соединетите Американски Држави.

На одбележувањето се обрати американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер која зборуваше за основачите на САД, за демократијата, за принципите, но и за партнерството со Северна Македонија.

-Стремежот продолжува до овој ден, кога се соочуваме со стари и со нови предизвици. Така е и со нашиот сојуз, пријателството и сојузништвото помеѓу САД и Северна Македонија. Никогаш нема да го постигнеме недофатливото, „совршениот“ сојуз. Но принципите што ги споделуваме, предизвиците со кои се соочуваме – не сами, туку заедно – ќе го водат нашиот сојуз напред, во истраен стремеж кон напредок, просперитет и безбедност, рече Агелер.

Слични содржини