Османи за „Огнените“: Завршено прашање – кој не се запишал како член на ДУИ, може да зборува однадвор

од Nikola Popovski
452 прегледи

Тоа е завршено прашање. ДУИ имаше процес на регестрирање на членството. Тие што се запишале, се членови на ДУИ, а тие што не се запишале, може да зборуваат за ДУИ однадвор, рече портпаролот на ДУИ, Бујар Османи околу „Огнената група“ и дали можат да им „направат штета“ со најавите за формирање посебна партија.

Тој оцени дека ДУИ со својата конструктивност е како стабилизатор во општеството и дека беше разумот во општеството во најтешките и најкризните периоди во државата.

-ДУИ сите овие 20 години беше дел од решението. ДУИ беше на некој начин навигатор на проатланскиот курс на државата, стабилизатор на државата, разумот на општеството. Но, во последно време гледаме пропаганда која што е насочена кон ДУИ, што мислам дека е на некој начин рефлексија на едно антиалбанство генерално. Земете ја анализата на кој било по однос на улогата на ДУИ во последните 20 години во оваа држава, не можете да извлечете поинаков заклучок, освен дека беше разумот во општеството во најтешките и најкризните периоди, рече Османи во емисијата „Само интервју“.