Зеленски денеска во Турција, ќе се сретне со Ердоган

од Stefanija Kuzmanovska
144 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе ја посети Турција за да разговара со шефот на турската држава Реџеп Тајип Ердоган за договорот за извоз на жито, како и за војната во Украина.

Минатата година Турција и Обединетите нации постигнаа договор за извоз на украински земјоделски производи од пристаништата на Црното Море и покрај војната.

Незадоволна од начинот на кој се спроведува договорот, Русија се закани дека нема да дозволи негово обновување по 17 јули.

Зеленски и Ердоган ќе учествуваат и на состанокот на делегациите на двете земји, јави агенцијата „Анадолија“.

Слични содржини