Ахмети: ДУИ е нападната од сите страни оти е клучот за функционирањето на државата

од Nikola Popovski
160 прегледи

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети синоќа од Чаир изјавил дека неговата партија е нападната од сите страни, бидејќи таа е клучот за функционирањето на државата. Тој порачал дека „партијата не се урива така лесно бидејќи е родена од УЧК и од крвта на мачениците, а не во телевизиски студија“.

-Додека бевме во коалиција со ВМРО, СДСМ вршеше страшни напади, не викаа вмровска патерица, се црно се зборуваше за ДУИ. Зошто сето ова? Затоа што бевме и сега сме клучната партија, без нас институциите на државата не би биле стабилни, без нас не би можела власта стабилно да функционира. ДУИ никогаш досега не била соборена, затоа што нашата партија не е родена во политички салони или телевизиски студија, туку е создадена од УЧК и од крвта на хероите, кажал Ахмети на собир по повод изборот на новото раководство на чаирскиот огранок.

Тој додал дека никогаш не дејствувал преку туѓа пот и дека не бил вклучен во активности за злоупотреба на довербата на луѓето.

-Заедно поминавме две децении успешни активности со исполнети витални мисии за еднаквост и подобар живот квалитативно, мило ми е што сме подготвени да продолжиме да пишуваме нови поглавја од европската иднина, истаканал Ахмети.

Во неделата, ДУИ преку внатрепартиски избори избра нови претседателства во 14 партиски ограноци, кои ги заменија „Огнените“.

Слични содржини