Ковачевски за случувањата во Слупчане: Кој бил вклучен на диво, ќе биде исклучен – никој не е должен на некој друг да му плаќа струја

од Nikola Popovski
523 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ги коментираше вчерашнитте и завчерашните настани во село Слупчане, кое беше оставено без електрична енергија, при што жителите на селото не дозволија влез на екипите на ЕВН за санирање на проблемот.

-Не е точно дека државните институции немаат пристап. Се работи за спроведување на работењето на приватна компанија. ЕВН е приватна компанија и странска директна инвеситиција, која има обврска да испорачува струја до секое домаќинство како универзален снабдувач. Во посоченото место имаше проблем со наплатата и со дивото приклучувањето на мрежата, па оттаму компанијата со надлежните и Министерството за економија имаа разговор со градоначалникот на Липково, по што проблемот е надминат, кажа Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Потенцира дека кој бил вклучен на диво, ќе биде исклучен, а кој не ги плаќал сметките, ќе мора да ги плаќа.

-Има и други места каде што се решава работата. Никој не е должен на некој друг да му плаќа електрична енергија, рече премиерот.

Екипи на ЕВН Дистрибуција вчера со присуство на полиција, влегоа во селото и почнаа со решавање на проблемот и санирање на дефектите.

Слични содржини