Мицкоски смета дека на Миле Јанакиески му се случува „неправда“

од Nikola Popovski
316 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека нема правда за поранешниот министер за транспорт и врски и член на неговата партија, Миле Јанакиески, кој е осуден за неколку предмети.

-За да има правда, треба на седница на Влада, да дојдат МВР и комплетно сите да ги соберат и да ги однесат во затворот Идризово. Она што му се случува на Миле Јанакиески е неправда. Кога им треба дефокус и да се заврте внимание, тогаш посегнуваат по Миле и повторно се случува. Апсолутно целосна поддршка до семејството на Миле. Знам дека е силен човек и ќе издржи, рече Мицкоски денеска од општина Карбинци.

Јанакиески вчера беше спроведен во „Идризово“ каде треба да издржува три и пол години затвор за случајот „Титаник“. Првпат беше притворен во затворот „Шутка“ во ноември 2018 година, веднаш по бегството на Никола Груевски во Будимпешта, поради опасност од бегство.

Слични содржини