Поразителни бројки: Повеќе од 9.000 цивили загинаа во Украина од почетокот на војната, соопштија од ОН

од Stefanija Kuzmanovska
373 прегледи

Од почетокот на руската инвазија на Украина, загинаа повеќе од 9.000 цивили, соопштија денеска Обединетите нации.

ОН додаваат дека меѓу жртвите има повеќе од 500 деца, но предупредуваат дека реалната бројка може да биде многу поголема.

„Денеска одбележуваме уште еден значаен момент во војната која продолжува да нанесува ужасни последици врз украинските цивили“, рече заменик-шефот на мисијата за набљудување на човековите права на ОН во Украина (HRMMU) Ноел Калхун, додавајќи дека ОН изразуваат жалење за ужасните цивилни жртви по 500 денови од почетокот на руската инвазија.

Слични содржини