Словачката претседателка Зузана Чапутова ги повика денеска сојузниците во НАТО да и дадат на Украина појасна перспектива на нејзините обиди да стане дел од Алијансата.
На прес-конференцијата со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој дојде во посета на Словачка, Чапутова рече дека се надева оти Украина на самитот на НАТО ќе добие визија за идно членство.
„Она во што се надевам и верувам е дека ќе и дадеме на Украина (на самитот на НАТО) визија за идно членство, се разбира доколку ги исполни условите, вклучително и најважниот, кој е крај на војната, воената агресија во Украина“, рече Чапутова.