Блинкен: Додик го крши Уставот на Босна и Херцеговина и Дејтонскиот договор

од Vladimir Zorba
296 прегледи

Американскиот државен секретар Антони Блинкен оцени дека претседателот на босанскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик со потпишувањето на указот за прогласување на законот со кој нема да се објавуваат одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, го прекрши Уставот на Босна и Херцеговина и Дејтонскиот договор.

Блинкен на Твитер напиша дека Соединетите Американски Држави го поддржуваат територијалниот интегритет и суверенитет на БиХ и одлуките на високиот претставник.

„Со потпишувањето на законот со кој претседателот на Република Српска, Милорад Додик, го одбива овластувањето на високиот претставник, се прекршува Уставот на Босна и Херцеговина и се поткопува Дејтонскиот договор. Соединетите Американски Држави ги поддржуваат ОХР, Босна и Херцеговина и нејзиниот суверенитет, територијален интегритет и мултиетнички карактер“, рече Блинкен.

Во петокот Додик потпиша указ со кој најави измени на законот според кои Службениот весник на ентитетот повеќе нема да ги објавува одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит.

Слични содржини