Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека војната во Украина мора да заврши пред НАТО да размисли за членство на Киев во Алијансата.
Бајден следната недела ќе учествува на самитот на НАТО во Литванија, каде војната меѓу Русија и Украина, како и напорите на Киев за приклучување кон Северноатлантската алијанса ќе бидат една од клучните теми.
Пред тоа патување, Бајден во петокот во интервју за Си-Ен-Ен рече дека руската агресија во Украина мора да заврши пред Алијансата да размисли за прифаќање на Киев во своите редови.