Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос со сметот

од Radmila Tasevska
384 прегледи

Координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева изјави дека „локалната власт на ДПМНЕ во Скопје е најнеспособната досега“.

„Наместо развој и модернизација како што  Христијан Мицкоски ветуваше пред граѓаните кога ја бараше поддршката, на главниот град постојано му се случува нов хаос, одново и одново.

Овој пат ДПМНЕ создаде хаос со сметот, Скопје се гуши во ѓубре.

ДПМНЕ треба итно да преземе нешто, да се надмине проблемот и да се обезбеди функционалност на ЈП Комунална хигиена.

Скопјани ваков однос не заслужуваат. Скопје ова не го заслужува.

Во меѓувреме, градоначалниците на ДПМНЕ во Скопје да земат нешто да работат и да помогнат во чистењето на ѓубрето“, рече Јанчева.

Слични содржини