302
Гувернерот на Запорожје, Јуриј Малашко, денеска изјави дека четири лица загинале, а 11 се ранети во руското бомбардирање на станбена област во градот Орихив, во областа Запорожје.
Малашко изјави дека меѓу загинатите има три жени и еден маж, сите на возраст од околу 40 години, пренесе „Ројтерс“.
Тој додаде дека Русија извршила 36 целни напади врз 10 населени места во областа Запорожје.
Британската новинска агенција соопшти дека не може независно да го потврди извештајот.