Скопската градоначалничка, Данела Арсовска утрово сподели фотографии од празните контејнери, потенцирајќи дека е „извојувана победа“.
-Успеавме да извојуваме уште една победа со цел заштита на јавниот интерес, интересот на скопјани. Скопје се чисти, екипите на Комунална хигиена Скопје се на терен, состојбата во претпријатието е нормализирана, објави Арсовска на социјалните мрежи.
Арсовска истакна дека „не дозволиле и нема да дозволат мафијашки структури заедно со политичкиот смет да наштетат на интересите на македонските граѓани“.
-Она што го ветив пред граѓаните е дека ќе работам чесно и во нивен интерес и ништо нема да ме спречи да го исполнам дадениот збор, потенцира градоначалничката.
Градоначалничката вчера на прес-конференција го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како главен поттикнувач на случувањата во ЈП „Комунална хигиена“.