Арсовска со жесток прес: Фативме луѓе кои со години седат во Германија и Швајцарија, а земаат пари од „Комуналец“

од Nikola Popovski
311 прегледи

На денешната прес-конференција во објектите на Град Скопје, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го поздрави успехот на директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева и како што рече, тоа што некој успеал да се справи со мафијашите после 30 години. Како што додаде, немало доволно силен маж за да се справи.

-Тие почнаа со бунтови и со реакции откако видоа дека нема тука шега и никој нема да им попушти. Затоа директорката треба да се поздрави како се справи со ситуацијата. Тоа што 50 лица се собрале, а над 30 не се вработени таму, треба многу да ви каже. Треба да се засрамат сите овие што ќутеле 30 години. Оваа жена тука е храбра и одлучна и сама се спротивстави на сите. Затоа ве замолувам гледајте ги фактите. Градот ќе се исчисти и ќе се работи многу подобро, појасни Арсовска.

Градоначалничката информира дека фатиле луѓе кои пет години седат во Германија и Швајцарија, а овде земаат плата.

-Вие сите тука денеска на 40 степени сте дојдени да си ја работите вашата работа, а некој во Германија си ужива и чека џепарац да му дојде за тоа што е пријавен во некое јавно претпријатие. Мора да се расчисти со овие. Не се прашувате како се случувало тоа. Не покренувате како јавност како се случувало тоа? Кривичните пријави се поднесени. Тоа што некој е во било каква функција, не го изолира од одговорност. Нема криење позади позиција, одговори жестоко Арсовска во однос на вработувањата во претпријатието, при што објави документ со 40 вработени од иста фамилија.

Слични содржини