Сејдини негира дека рачно распределувал судски предмети

од Nikola Popovski
447 прегледи

Претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини денеска на прес-конференција излезе со реакција на вчерашната кривична пријава поднесена од вработени во институцијата која што ја раководи. Како што вели, се работи за негова лична дискредитација и обид за нарушување на капацитетот на Управниот суд.

-Најодговорно тврдам дека Управниот суд немало, нема и нема да има рачна распределба на судски предмети се додека јас ќе раководам со судот. Ниту пак 190 застарени предмети. Распределбата била и ќе биде единствено преку АКМИС системот. Се останато е шпекулации и манипулации, кажа Сејдини на брифинг со медиумите.

Сејдини потенцира дека Судот е единствено надлежен да констатира застареност, настапена согласно тие прописи.

-Јас како претседател како Судот или системот не располагам со податоци кога еден предмет ќе добие третман на застарен или одданочен. Во областа на даноците и царините, работат 18 колеги. Тие раководат со движењето на предметите, така да никој нормален нема да го дозволи тоа, а камоли судии кои макотрпно се трудат да обезбедат правда во државата, истакна претседателот на Управниот суд.

Слични содржини