Се урна хеликоптер со туристи кај Монт Еверест: Најмалку пет лица загинаа

од Stefanija Kuzmanovska
327 прегледи

Најмалку пет лица загинаа во хеликоптерска несреќа кај Монт Еверест во Непал, а по едно лице се уште се трага.

Според првичните информации туристите кои загинале биле мексикански државјани, додека пилотот бил од Непал.

Леталото, наводно, се враќало во главниот град Катманду во вторникот наутро, откако туристите го обиколиле највисокиот врв на светот.

Меѓутоа, во еден момент започнало невреме и пилотот морал да ја смени рутата. Неколку минути подоцна, под се уште неразјаснети околности, хеликоптерот се урнал, јавува АП.

Слични содржини