Насилство од партнер било пријавено вчера во Гостивар.
-Малолетничка од Гостивар, вчеравечер (10 јули), во 22.30 часот, во СВР Тетово пријавила дека околу 21.30 часот на градскиот плоштад во Гостивар, Џ.Н., со кого претходно била во љубовна врска, физички ја нападнал, велат од МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.