Правда: Судскиот совет пет месеци не презема мерки за претседателот на кумановскиот суд за навредите врз вработените и злоупотребите на АКМИС системот

од Nikola Popovski
399 прегледи

Министерството за правда информира дека и покрај укажувањата и писмените дописи за констатирани неправилности во работата на Основниот суд Куманово, Судскиот совет одолговлекува и не постапува по Извештајот кој е изготвен од нивна страна и јавно објавен на веб страницата на Советот.

-Имено, Судскиот совет беше во работна посета на Основниот суд Куманово на 1 февруари годинава и подготви Извештај каде се констатирани низа нарушувања на угледот на судиската функција, направени се груби повреди на начелото на недеискриминација по било која основа, користење на несоодветен вокабулар, навреди и омаловажувања на вработените од страна на в.д претседателот на судот како и злоупотреба на АКМИС системот, кое во голема мера влијае на односите и работењето на судот, велат од ресорот.

Се додава дека министерот за правда, Кренар Лога на 11 април испратил писмен допис до Судскиот совет во кој се бара преземање на соодветни мерки или дејствија по однос на констатираните наводи, а особено заради тоа што разгледувањето на Извештајот беше на дневниот ред на седница на Судскиот совет одржана на 13 март.

-Во Извештајот се наведени и злоупотреби на АКМИС системот, исклучување на одредени судии од автоматската распределба на предмети.Од увидот на предметите во работната група констатирано е долго траење и одолговлекување на постапката, неуредно и неажурно верификување на предметите во АКМИС системот.

 

Од Судскиот совет добивме известување на 12 април дека дописот е доставен на запознавање и понатамошна надлежност и постапување до координаторот за следење на работата на Основниот суд Куманово, членот на Советот Ханиф Зендели, се посочува во соопштението.

Од Правда посочуваат дека одговор не бил добиен, по што министерот на 22 јуни испратил повторно до Судскиот совет УРГЕНЦИЈА за постапување по барањето за состојбите констатирани во Извештајот.

-Од изнесените 8 точки, 7 се однесуваат на состојбите во судот за констатирани нарушени меѓучовечки односи и некоректен однос на ВД претседтаелот на судот кон одредени вработени АКМИС системот.

 

На 29 јуни од страна на Заменик претседателот на Судскиот совет Ханиф Зендели доставен беше одговор дека е изготвен дополнителен извештај кој е потребно да се разгледа на седница на Судскиот совет по што ќе не информираат за констатираната состојба.

 

Министерството за правда уште еднаш го повикува Судскиот совет да постапи согласно своите надлежности, бидејќи неказнувањето на вакви случаи ќе доведе до дополнително нарушување на угледот на Советот, а со тоа и намалување на довербата во правосудството, велат од Министерството за правда.

Пожар во подрумските простории на кумановскиот суд изби утрово во 01:35 часот. Тој беше локализиран, а изгорела една од просториите на архивата во која се чуваат старите предмети. Во зградата на Основен суд Куманово се наоѓа и Јавното обвинителство и Народониот правобранител. Вработените утринава добиле пораки да не доаѓаат на работа бидејќи нема услови. Судот го посетил и претседателот на Судскиот совет, додека одел на работа од Штип во Скопје, по што кажал дека ќе им даде насоки како да постапуваат понатаму за нормализирање на работењето.

Слични содржини