665
Полицијата ја пронашла малолетничката Ана Марија Ѓореска од прилепско Пешталево, која од вчера била пријавена за исчезната.
Според извори од МВР, девојчето било најдено на територија на Битола и во моментов е со своите родители.
Роднините на девојчето синоќа објавија на социјалните мрежи дека 15-годишното девојче за последен пат било видено на автобуска постојка во селото Ропотово и дека чекало превоз.