„Отворен Балкан“ не само што функционира, туку тој се развива како концепт, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во ТВ24.
-Тој е во рамки на Берлинскиот процес којшто практично треба да значи олеснување за граѓаните нормално функционирање и комуникација со државите од Западен Балкан. Слободен проток на лица, на роба, на услуги итн кои ги имаме се со цел тие меѓусебни односи ги подобри и олесниме практично движењата на економијата. Тоа е крајната цел. Овој процес израсна како процес којшто сопственост имаат државите од овој регион – Србија, Македонија и Албанија и во рамките на овој цел процес ние посакуваме да бидат вклучени сите држави во регионот. Така ќе јакнат и добрососедските односи, рече Спасовски.
Според него, сите три земји членки на процесот вложуваат напори да ги операционализираат зацртаните активности и да ја постигнат крајната цел.